Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, дел од своето излагање по вечното дерби во АБА лигата против Црвена звезда го посвети на преговорите за учество во Евролигата следната сезона.
Тренерот на Партизан истакна дека Звезда и Партизан треба заедно да учествуваат во преговорите со Евролигата.
„Сведоци сте што се случува во европската кошарка. Кон крајот на месецов ќе има состанок на кој ќе се решаваат некои работи. Знаете за некои понуди, без разлика дали се официјални или неофицијални… Јас лично мислам дека треба да направиме консензус да настапиме заедно, бидејќи и Црвена звезда и Партизан се богатства на европската кошарка, ако ме прашувате мене. И мислам дека тоа треба да го покажеме на сите. Затоа што кога сите зборуваат за Евролигата, зборуваат за атмосферата овде во арената и на натпреварите на Црвена Звезда и Партизан и претпоставувам дека заслужуваме почит“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА