Црвена Звезда е новиот шампион на АБА лига откако „црвено-белите“ со „метла“ го „почистија“ Партизан во големото финале. По триумфите на домашен терен во „Александар Николиќ“, избраниците на Сферопулос славеа и на гостувањето кај вечниот ривал за 3-0.
На пресконференцијата за медиуми по средбата говореше и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ кој и покрај тоа што неговиот тим не успеа да избори учество во Евролигата преку АБА верува дека и следната година ќе биде дел од најсилниот европски кошаркарски шампионат.
„Интересно е тоа што две сезони по ред сме далеку подобро пласирани од Звезда во Евролигата. Не ме оптоваруваат дилемите кои се јавуваат во медиумите. Сигурен сум дека Партизан и следната година ќе игра Евролига. Верувам дека раководството на елитниот шампионат ќе донесе таква одлука бидејќи Партизан тоа го заслужува по секој параметар. Мојот образ е чист, за другите не можам да зборувам“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА