Обрадовиќ: Партизан нема доволно долга клупа да биде конкурентен

Париз се „прошета“ низ Белград на дербито со Партизан славејќи со преубедливи 101-83, пораз што наиде на големо разочарување кај тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ.

Најтрофејниот европски стартег ја честита победата на францускиот тим за која вели дека е заслужена, а говореше и за проблемите на својот тим, првенствено во ростерот.

„Имаме два повредени играчи, Карлик и Шеик, кои можат да ја преземат улогата на плејмејкер. Лесно е да се препознае добар играч, но многу фактори треба да се совпаднат. Прво, тој мора да го сака тоа, второ, треба да можете да исполните некои од неговите барања. А потоа има и други тимови, од кои некои имаат поголеми можности“, изјави Обрадовиќ кој вели дека на Партизан му се потребни два кошаркари.

„Да почнеме со ангажман на еден. Има многу повреди низ Евролигата и еве ги прашањата за ЕЛПА за само еден медицински преглед, скратен период на подготовка, но да не се враќаме на тоа. Имав одличен разговор со Боштјан Нахбар. Сите треба да седнеме.

Играчите се премногу уморни, потешко е отколку во НБА, бидејќи тие имаат едно натпреварување, а ние имаме повеќе во Европа. Треба сериозно да разговараме, пред се, за календарот. Не знам каде води ова, не знам како ќе изгледа сето тоа. За да бидете конкурентни, ви треба ростер, а ние во моментов немаме. Делумно поради повреди, делумно затоа што не можевме да потпишеме некого на време“

Се вчитува...