Уште еднаш на дело се покажа дека моментот и хартијата речиси и да не се мерило кога Партизан и Црвена Звезда ќе се сретнат во кошаркарска пресметка. Црвена звезда синоќа му се реваншираше на Партизан за претходниот пораз во првата овосезонска меѓусебна пресметка.
Партизан имаше сè во свои раце на крајот, но одигра многу лош последен напад, а потоа Стерлинг Браун го фаулираше Немања Недовиќ при шут за три поени, што го запечати победникот.
„Тешко е да се зборува по ваков натпревар, особено по начинот на кој заврши“ – изјави Обрадовиќ по синоќешниот меч притоа дополнувајќи:
„Има некои работи кои задолжително се прават како подготовка за натпреварот и за време на натпреварот. Игравме зонски пресинг во првото полувреме и даде ефект. Црвена звезда имаше поголема среќа, последниот напад го одигравме како што го одигравме, тие добија фаул пред да истече времето и имаа шанса да победат. Што се однесува до офанзивните скокови, не велам дека тоа го реши натпреварот, бидејќи негативата во скокови успеавме да ја надоместиме со помалку загубени топки. Но, мојот тим не беше на нивото на кое требаше и можеше да биде вечерва, затоа што бевме, пред се, нервозни“.
Според Обрадовиќ тоа што играчите биле нервозни на мечот, е тренерска грешка, преземајќи ја вината на себе.
„Тајрик Џоунс одигра нешто помалку од 14 минути. Јасно е колку тој ни е важен играч. Реакцијата беше каква што беше. Работиме на тоа и ќе работиме на тоа. Ако играчите се нервозни како вечерва, тогаш тоа значи дека тренерот не го подготвил тимот добро за натпреварот. Се обидов да го смирам, се обидов да го извадам од игра, но тоа беше задоцнета реакција. Судиите оценија дека има материјал за техничко“ – истакна Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА