Обрадовиќ по инцидентите на дербито: Не го оправдувам Лесор, му се извинувам на Петрушев

Кошаркарите на Партизан синоќа во дербито во АБА лигата, се вратија по негатива од -20 поени во дербито против Црвена Звезда, и на крајот триумфираа со +11.

Мечот и рекордниот број на гледачи на крајот го расипа инцидентот откако Лесор тргна физички да се пресметува со Филип Петрушев. По мечот тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ го истакна испадот на Лесор како непотребен, и му се извини на противничкиот кошаркар.

„Лесор е неверојатен човек со неверојатна енергија кој дава неверојатни работи во секаков поглед. Во кошаркарски, спортски и човечки аспект. Му реков и него, и сега ќе повторам пред сите – апсолутно беше непотребно тоа што го нарправи на крајот, и јас како тренер морам да му се извинам на Петрушев затоа што Лесор два пати го турна на крајот. Дали имало нешто пред тоа не знам. Доколку имало провокација, тоа не е причина вака да се реагира“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...