Oбрадовиќ повторно контра Пешиќ: Партизан за ништо не е виновен!

Партизан со скор од 2-8 ќе го дочека првото вечно дерби за оваа сезона кое е закажано за следниот четврток на 21 ноември, ден кога и репрезентацијата на Србија ќе одигра квалификациски натпревар за Европското првенство.

Селекторот на „орлите“, Светислав Пешиќ најави дека ќе разговара со тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ и стратегот на Црвена звезда, Јанисон Сферопулос, а по поразот на „црно-белите“ од Олимпија Милано, Обрадовиќ говореше и за репрезентативниот собир.

„Со кого разговарам е моја приватна работа. И дали зборувам. Процедурата е точно позната како здружението им се обраќа на клубовите во однос на играчите и Партизан како и секогаш ќе биде максимално коректен во оваа смисла. Можеби многумина од вас не разбраа кога реков: „Прашајте го г. Пешиќ каква соработка имавме“. Токму во оваа смисла имавме извонредна соработка. Од наша страна никогаш немало и нема да има проблеми“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...