Големата дерби-пресметка меѓу Партизан и Црвена Звезда, од 24. коло во Евролигата, се игра вечерва од 20:30 часот во „Штарк Арената“ во Белград.
Натпревар кој може многу нешта да одлучи околу пласманот во следната фаза од натпреварувањето, но пред се натпревар за чест и престиж меѓу двата лути ривали. Ако се знае во каква атмосфера се играаат натпреварите во Белград во Евролигата, не е воопшто чудно дека е огромен интересот да се присуствува на тој спектакл вечерва. Посебно, кога домаќин е Партизан…
За интересот за натпреварот доволно кажува и реакцијата на тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.
„За спортот и кошарката навистина, како прво, е добро што ќе има навивачи на Црвена Звезда. А, за тоа каков е интересот, доволно зборува зачуденоста на мојот помошник Искердо кој деновиве постојано прашува: ‘Што навистина се случува?’ Не може да верува колку луѓе се јавуваат за билети. Само мене ми се јавуваат од половина Европа и ми бараат билети. Кошаркарски лица од Италија, Шпанија, Грција, Франција, Германија, Турција сакаат да присуствуваат на натпреварот, но билети нема, па нема. За жал, на сите тоа морав да им го кажам“ – соопшти Обрадовиќ пред денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА