Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ е прогласен за најдобар тренер во сезоната во АБА Лигата. По вторпат во серија, најтрофејниот европски стручњак го понесе ова признание, водејќи го својот тим до првата позиција во регуларниот дел од сезоната со скор од 24-2.
Во изборот на колегите од сите екипи кои учествуваа во АБА лигата, навивачи и новинари, Обрадовиќ доби 72,4% од гласовите, и се најде пред тренерот на Задар, Данијел Јасуп кој имаше 13,6%. Јосип Сесар од Цибона и Ненад Стефановиќ од ФМП добија по 6,2%.
Досега четири пати е доделувана оваа награда. Покрај Обрадовиќ, оваа награда претходно ја поднесоа Дејан Радоњиќ и Драган Бајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА