Белградски Партизан минатиот четврток одбележа 25 години од освојувањето на титулата шампион на Европа. Најголемиот успех на клубот, всушност, е остварен на 16. април 1992 година, со победата над Хувентуд од 71-70 со тројката на Александар Ѓорѓевиќ на две секунди пред крајот на мечот во Истанбул.
Екипата, тогаш, маестрално ја водеше никој друг, но Жељко Обрадовиќ, со огромна помош од покојниот професор Александар Николиќ.
„Прекрасно е чувството како и кога славевме десет години од освојувањето на европската титула. И тогаш влегов во соблекувалната по спектаклот во ‘Пионир’ и на секој играч и член на управата им реков: Се е ова убаво, но ајде сега да направиме Партизан повторно да биде шампион на Европа. Така се чувствувам и сега“ – вели Жељко Обрадовиќ потсетувајќи се на таа титула од 1992 година.
„Прашање е дали било кој се сеќава дека Шпанците имаа уште две секунди и последниот шут на Харолд Присли кој заврши на таблата. Ја гледав таа топка и стравува, додека кумот Миленко Савовиќ веќе силно ме грабнал во прегратка. А, веќе по тој момент верувајте ми на ништо не се сеќавам“ – истакнува Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА