Најтрофејниот европски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ предизвика лавина на реакции во кошаркарската јавност кај нашиот северен сосед по гостувањето на подкастот „Парт+“.
Тренерот на Партизан говореше на повеќе теми, а една од нив беше и репрезентацијата и фактот дека најголем број од младите репрезентативците на Србија кои во иднина треба да бидат носители на играта во текот на кариерата ги носеа „црно-белите“ бои.
„Сигурно им било од корист да бидат во Партизан. Сите тие деца кои беа на списокот на репрезентацијата играа за Партизан. Копривица, Тристан, Трифуновиќ, Смаилагиќ, Аврамовиќ, беше и Вања Маринковиќ. Кажете ми друг клуб кој даде млади кошаркари во репрезентацијата. Има ли друг? Сите заслуги одат на Партизан“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

