Најтрофејниот европски тренер, и претседател на тренерската Асоцијација на Евролигата, Жељко Обрадовиќ вели дека и наспроти бројните проблеми со кои се соочува Евролигата околу продолжување во вистински ритам на натпреварувањето, сепак најважно е здравјето на спортистите.
„Здравјето е над сè. И околу тоа преговори нема. Ковид-19 влијае на сите сфери од животот. Луѓе умираат ширум светот. Кошарката и сите учеснии на евролигашките натпреварувања, исто така се под влијание, и сите патиме подеднакво. Онаа пандемија не скрши, а понекогаш не прави беспомошни, но сите се надеваме“ – е ставот на Обрадовиќ преку тренерската Асоцијација на Евролигата.
Кошаркарските тренери ја истакнуваат и поддршката на Евролигата, и околу последната одлука да не се одземаат бодови кога тимовите немаат доволен број на здрави играчи, туку натпреварите да бидат презакажани во други термини.
„Не доаѓаме со конкретни решенија. Но имаме предлози и мислења, на пример околу оние медицински протоколи. Како и сите навивачи и љубители на кошарката, сите едвај чекаме да се вратиме што е можно појаки. Најголемата победа во овој момент не би била освојување на Евролигата, туку моментот кога салите повторно ќе бидат исполнети до последното место“ – се дополнува во соопштението на Асоцијацијата на тренерите во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА