Најтрофејниот европски тренер на сите времиња Жељко Обрадовиќ сепак се договори за продолжување на соработката со турскиот Фенербахче. Медиумите во Турција пренесуваат дека тој успеал да ги договори личните услови со клубот и дека продолжувањето на соработката ќе биде официјализирано во следните денови.
Новиот договор ќе биде на две години, иако се шпекулираше дека тој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната поради незадоволство. Каков прв фактор се спомнуваа финансиите бидејќи од клубот планираат да го намалат буџетот, но и дека резултатите сезонава беа далеку од очекуваните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА