Обрадовиќ смирува: Не се грижете, се ќе биде во ред

Почетокот на новата евролигашка сезона за Партизан донесе два порази. По загубениот натпревар против Басконија, белградскиот состав загуби и на гостувањето во Мадрид кај Реал што предизвика неизвесност кај навивачите во „црно-бело“.

Сепак искустниот стратег на клупата на Партизан, Жељко Обрадовиќ ја искористи пресконференцијата за медиуми да ги смири страстите уверувајќи ги навивачите дека ќе се биде во ред.

„Генерално мислм дека одигравме добар натпревар против неверојатен тим. Штета што го загубивме натпреварот на мали грешки. Во моментите кога Мадрид го зголеми водството имавме ситуации кога не направивме паметни прекршоци. Јас лично верувам во овој тим. Знам дека ќе игравме многу подобро само треба да се фокусираме на малите работи кои се значајни.

Во второто полувреме не погодивме неколку отворени обиди. Тоа е кошарката. Немам проблем со тоа. Чеситки за моите играчи за борбата вечерва и одлучноста да продолжат така. Се ќе биде во ред“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...