Фенербахче ја декласираше Дарушафака со 100-79 во турската пресметка од осмото коло во Евролигата, меч на кој Жељко Обрадовиќ ја прослави својата победа број 300 на клупата на Фенер. „Сино-жолтите“ фаворитската улога што ја имаа во пресрет на овој меч целосно ја оправдаа со играта на теренот, доминирајќи во однос на градскиот ривал и стигнувајќи до победа изразена со 21 поен разлика.
Капитенот Махматоглу беше најефикасен во победничкиот тим со 15 поени, два помалку постигнаа Весели, Ловерњ и Гудуриќ. Кај Дарушафака најдобар поединец денеска беше Мајкл Ерик, постигнувајќи 17 поени.
Анадолу Ефес забележа победа од 90-77 над Макаби, расипувајќи го дебито на новиот тренер Сфаиропулос на клупата на израелскиот гигант. Шестмина домашни кошаркари имаа двоцифрен ефект во овој триумф, а најефикасни беа центрите Плајс и Данстон со по 14 поени, додека О’Брајант со 19 поени беше единствена светла точка во тимот на Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА