Кошаркарите на Партизан по поразот од Црвена Звезда во АБА лигата сега комплетните мисли ги насочуваат кон дуелот со Монако во 24. коло од Евролигата.
Жељко Обрадовиќ вели дека црно-белите на тој меч патуваат со најголеми можни амбиции.
„Свесни сме за нивните квалитети, но одиме со големи амбиции, да одиграме најдобро што можеме. Свесни сме и за нашата ситуација и знаеме колку се важни сите овие натпревари до крајот на Евролигата. Но, одиме од меч на меч. Не чека тежок натпревар со Монако, но мора да имаме најголеми можни амбиции“ – вели Обрадовиќ.
Партизан во моментов е на 10. место на табелата во Евролигата со 12 победи и 11 порази, а Монако има 13 победи и 10 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА