Кошаркарите на Партизан по поразот во Каунас против Жалгирис, останаа без никакви шанси за обезбедување на плеј-ин во Евролигата, а потоа тренерот Жељко Обрадовиќ ја презеде одговорноста за овој неуспех.
Најпрво истакна дека кадровските проблеми со тимот придонесоа за овој резултат, но на крајот кажа дека нема да се оправдува за овој неуспех.
„Имавме некои кадровски проблеми, но сето тоа сега звучи како опрадвување. Оправдувања не треба да има никој од нас, како и јас како тренер. Целата одговорност е, како и секогаш, на моите рамења“, рече Обрадовиќ.
Тој изрази надеж дека натпреварот против Реал ќе се одигра чесно и достоинствено.
„Се надевам дека ќе го одиграме во рамки на нашите очекувања, како што тоа го стори Жалгирис против нас и дека ќе победиме. Барем толку им должиме на нашите навивачи“, додаде Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА