Партизан продолжува со засилувањата за новата сезона, а по најавениот ангажман на Аријан Лакиќ кој ќе се врати назад во Белград од Задар пред камбек во главниот град на Србија е и Александар Аранитовиќ.
Исто како и Лакиќ, и Аранитовиќ сениорската кариера ја започна во редовите на лутиот градски ривал Црвена Звезда, но има и искуство бранејќи ги „црно-белите“ бои на Партизан од 2017 до 2019 година.
По заминувањето од Партизан бекот добро познат по својот шут настапуваше во Франција, Холандија и Литванија, а од 2022 година е дел од Цибона со која изминатата сезона во АБА бележеше просек од 15.6 поени, 4.5 скокови и 2.7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА