Кошаркарскиот клуб Партизан на спектакуларен начин, со гала церемонија, го претстави тимот за сезоната 2024/25. Тренерот Жељко Обрадовиќ притоа зборуваше и за комплетниот ремонт на тимот, по кој во клубот остана буквално само еден играч од минатата сезона.
„Црно-бела симфонија“ се одржа во салата на МТС, каде концерт одржа и Белградската филхармонија, а Обрадовиќ не го криеше воодушевувањето од целиот спектакл.
На крај зборуваше и за фактот дека неопходно се промени целиот ростер, поради што Партизан сезонава како да почнува од нула.
„Кога заврши претходната сезона, пред нас имавме ситуација во која требаше да реагираме на најдобар можен начин. Сплет на околности доведе до создавање на овој тим, до тоа што многу играчи си заминаа, а остана само еден – од различни причини“ – истакна Обрадовиќ и дополни:
„Факт е дека реагиравме и донесовме играчи кои мислиме дека можат да бидат тоа што сакаме како тим. Така се однесувавме. Гледавме огромен број играчи, а многу други клубови ги гледаа истите играчи – пазарот е таков. На крајот се одлучивме за овие момци кои се тука“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА