Најтрофејниот европски тренер, српскиот стратег Жељко Обрадовиќ во интервју за популарниот кошаркарски сајт „Баскет Њуз“ говореше на повеќе теми, а се осврна и кон актуената тема за влез на НБА на европскиот „пазар“ со формирање на ново натпреварување.
Обрадовиќ упати порака да се запрашаат целите на НБА во Европа, дали е тоа само финансики интерес?
„Немав време детално да навлезам во детали. Само прочитав некои вести бидејќи бев посветен на екипата, но се сум целосно вовлечен во ситуацијата. Верувам дека сите треба да седнат заедно и да се запрашаат „зошто НБА го прави тоа?“. Без сомнение, НБА е најдобрата организација на светот, но ова покажува дека нивното натпреварување не им е доволно. Така, првото прашање е што сакаат тие? Кој е интересот? Дали е тоа економски интерес? А, 100 отсто верувам дека парите им се над се“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА