Партизан умешно заврши уште едни преговори, за задржување на трет кошаркар кој е значаен дел од плановите на тренерот Жељко Обрадовиќ во составувањето на тимот за наредната сезона. Откако „црно-белите“ успеаја да ги задржат Американците Пантер и Ледеј, денеска нов договор со новиот првак на АБА-лигата потпиша и српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ.
Станува збор за плејмејкер кој беше еден од првите засилувања на Обрадовиќ кога трофејниот стратег пристигна во Партизан, носејќи го овој кошаркар од таборот на Естудијантес. Иако Аврамовиќ најчесто не е прва опција во стартната петорка, неговиот фанатизам во одбраната и мотивираноста го прават значаен адут на „црно-белите“, што беше доволна причина токму тој прв да седне на маса и да потпише нов договор од сите српски кошаркари во тимот.
Од таборот на Партизан досега си заминаа Лесор и Папапетру, кои во следната сезона ќе ги бранат боите на Панатинаикос под водство на турскиот стратег Ергин Атамант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА