Обрадовиќ: Заслужена победа на Задар, присутен е заморот но…

Актуелниот шампион на АБА, Партизан го претрпе четвртиот пораз во сезоната откако во 13. коло загуби на гостувањето кај Задар на нашиот Адем Мекиќ со 84-68 во натпревар во кој хрватскиот тим беше подобар противник од самиот почеток.

Тренерот на белградскиот гигант Жељко Обрадовиќ му честиташе на противникот за одличната партија, а упати и критика кон своите кошаркари за нефокусираноста на средбата.

„Заслужена победа на Задар со одлична партија. Нашиот ривал играше со многу повеќе енергија и агресивност од првиот до последниот момент. Атмосферата беше фантастична, навистина кошаркарска. Заморот е присутен во нашиот тим и тоа не е спорно, но спорно е што многу играчи не беа фокусирани на натпреварот“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...