„Обратната кариера“ на Дринквотер: Од шампион на Англија и трансфер од 40 милиони до Кашимпаша

Ретки се играчите кои започнуваат високо, а паѓаат многу ниско во продолжението од својата кариера, но еден од нив е Дени Дринквотер. Незаменливиот играч од средниот ред во шампионската година на Лестер има „обратна кариера“, која што по освојувањето на титуалта во Англија му донесе трансфер во Челси, вреден 40 милиони евра, а три години подоцна го однесе во турскиот прволигаш Кашимпаша.

Како што пренесуваат англиските медиуми, пресудно за новото заминување на 30-годишниот Англичанец од „Стемфорд Бриџ“, каде забележа само пет настапи за Челси е последниот инцидент на дуелот против У23 составот на Тотенхем каде по стартот на 16-годишникот Алфи Девин над Дринквотер, далеку поискусниот играч возвратил со „дупла мера“ и за малку не предизвикал тепачка на теренот.

Контроверзниот играч кој е повеќе познат по проблемите кои ги создаде по ноќни клубови, отколку по добрите партии на теренот ќе остане запомнет како дел од златната генерација на Лестер, меѓутоа и не повеќе од тоа.

Се вчитува...