Поранешниот ас на Барселона, Рафаел Маркез (39) се најде на прелиминарниот список на селекторот на Мексико од 28 фудбалери за претстојното Светско првенство во Русија. Тој е на добар пат, доколку влезе и на финалниот список, да биде дел од „бесмртните“, односно малкумината кои имале можност да играат на пет мундијали.
Досега „бесмртни“ се само тројца, од кои два голмани, Мексиканецот Антонио Карбахал и Италијанецот Џанлуиџи Буфон, како и само еден фудбалер, Германецот Лотар Матеус.
Фудбалската јавност во Мексико е изненадена поради вклучувањето на Маркез на списокот патници за СП ако се знае дека не се изнаигра баш изминатава година. Минатото лето беше на Купот на Конфедерациите, но набрзо потоа беше објавено дека Америка ја испитува поврзаноста на овој фудбалер со ‘дилање’ дрога во Мексико.
Маркез брзо сето тоа го демантираше, но се уште истрагата е во тек. Иако не се наигра во Атлас претходнава година очигледно е дека Осорио верува дека може да и помогне на екипата иако наскоро ќе го прослави својот 40-ти роденден!
Рафаел Маркез досега има 143 натпревари за репрезентацијата на Мексико и 19 гола постигнати гола зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА