Обвинетиот „монструм“ изврши самоубиство – Тренерот кој сексуално злоставувал гимнастичарки си пресуди!

Џон Гедерт, тренер на американскиот тим за гимнастика, кој освои злато на Олимписките игри 2012 година, изврши самоубиство откако беше обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки во Мичиген.

Телото на Гедерт е пронајдено на паркинг на автопатот во близина на Лансинг, објави државната полиција во Мичиген.

Поднесена е постапка против Гедерт (63) за физичко, вербално и сексуално злоставување на 20 девојки, кои тренирале помеѓу 2008 и 2018 година во неговиот клуб Твистарс во близина Лансинг. Во истиот клуб работеше и терапевтот Лери Насар, поранешен лекар на американскиот тим за гимнастика, кој беше во центарот на најголемиот сексуален скандал во спортската историја на САД.

Гедерт требаше да се појави пред локалниот суд во четвртокот попладне.

Се вчитува...