Обвинителството бара максимална суспензија од 4 години за Погба

Италијанските спортски обвинители побарале четиригодишна забрана за играње на играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба кој е обвинет за допинг, пишуваат италијанските медиуми.

Погба е суспендиран од октомври оваа година, откако тестот на националната антидопинг организација откри тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста на спортистот тестиран на 20. август на дуелот против Удинезе во првиот меч од Серија „А“.

Французинот беше позитивен и на вториот направен тест, со што беше јасно дека му следува долга пауза. Ако добие четиригодишна суспензија, тоа веројатно ќе значи и крај на кариерата на екс играчот на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...