Дер Шпигел објави дека поранешниот дефанзивец на Баерн нема да биде обвинет за напад, принуда и клевета против Касија Ленхард, неговата поранешна девојка, која изврши самоубиство набргу по раскинувањето на врската со фудбалерот во 2021 година.
Во 2019 година, обвинителите отворија истрага за наводниот напад на Ленхард, но ја затворија. По самоубиството на жената, судењето било повторно отворено бидејќи имало „индиции дека оштетената се здобила со тешки повреди непосредно пред нејзината смрт и дека овие повреди може да бидат запишани во обдукцискиот извештај“.
На почетокот на оваа година, обвинителите добија анонимна дојава дека има сведок на инцидентот во кој е вклучен Боатенг. Мажот првично се согласил да сведочи, но на крајот престанал да комуницира.
Како резултат на тоа, беше одлучено дека „не е можно со сигурност да се утврди како всушност се случиле предметните настани во октомври 2019 година, декември 2020 година и јануари/февруари 2021 година“. Истрагата беше затворена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА