Обвинителството ќе го гони Пике за „исчезнати“ 3,4 милиони евра

Откако минатата недела ја заврши кариерата, Џерард Пике одново стана фокус на јавноста, и уште еднаш за работи надвор од теренот. Сега веќе поранешниот шпански фудбалер со својата фирма Космос, беше еден од најзаслужните за селидба на натпреварот од Супер-купот на Шпанија на територијата на Саудиска Арабија.

Пике во периодот од 2009 до 2021 година на сметката примил 12 милиони евра, а спорен е износот од 3,4 милион евра, за кој даночната управа не може да утврди каде отишол. Спорно било тоа што воопшто договорал селидба на овој натпревар на територија на друга земја заедно со шпанската федерација, со оглед дека тоа е забрането.

Антикорупциското обвинителство и натаму се занимава со истрага околу провизијата за организација на Суперкупот, а според налогот на Судот, се чини дека во брзо време Пике фудбалскиот терен ќе го замени со судница.

Се вчитува...