Обвинителството отвори истрага против Рубиалес

Шпанското обвинителство официјално поднесе обвинение против Луис Рубиалес за сексуален напад и принуда. Високиот суд на Шпанија сега има 48 часа да одлучи дали ќе отвори кривична постапка.

Обвинителството покрена истрага веднаш по инцидентот кој се случи по завршувањето на финалето на Светското првенство, а откако Џенифер Хермосо поднесе жалба во вторникот, Обвинителството имало се што е потребно за да поднесе жалба пред судот.

Хермосо поднела жалба за сексуален напад, но обвинителката задолжена за случајот, Марта Дурантес Гил, додала и принуда кога ги поднела официјалните документи во судот.

Во документите поднесени до судот, обвинителката изјави дека Хермосо сведочела дека сите нејзини подредени биле притиснати од Луис Рубиалес и неговата „професионална придружба“ сите да кажат дека „го оправдуваат и го поддржуваат она што се случило“.

Се вчитува...