Англија игра во „лер“ против Словенија, и не успеа да постигне гол по првото полувреме. Со тоа продолжуваат бледите партии на Англичаните во групата, и покрај тоа што имаат четири бодови, и се најсериозни кандидати за првото место во групата. Избраниците на селекторот Герет Саутгејт постигнаа еден гол кој оправдано беше поништен поради офсајд.
Словенците, пак, чекаат грешка на противникот, но таа не доаѓа, па така во Келн нема голови.
Нема голови ниту во Минхен. Премногу тактика, премногу дуели на средината. Србија речиси и да не го виде голот на Шмајхел. Но, во еден миг Србија мора да тргне во напад, иако селекторот Драган Стојковиќ веќе доби многу критики поради составот кој го исфрли во Минхен, каде ги нема ниту Влаховиќ, ниту Тадиќ кои чекаат шанса од клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА