Лос Анџелес Лејкерс – Мајами се борат за титулата во НБА лигата. Првиот натпревар од финалната серија мина под доминација на „лејкерс“ кои имаат водство од 1-0 во победи. Но, овој натпревар ќе остане во историјата и поради неден неславен податок.
Првата средба од годинашното финале ја гледале 7,41 гледачи што е најниската бројка откако е вовоедена статистиката за гледаност. Претходниот негативен рекорд од 2003 година го имаше финалето меѓу Њу Џерси и Сан Антонио.
И покрај тоа што во салата нема гледачи, оваа бројка на гледаност е само една третина од гледаноста на првиот напревар од ланската финална серија меѓу Торнто и Голден Стејт. Вториот натпревар од финалето е во сабота кон недела по средноевропско време.
NBA Finals Game 1 draws lowest TV rating in history https://t.co/MYVoKKv4Qf pic.twitter.com/2iL4EI2dZL
— Reuters (@Reuters) October 2, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА