Веќе на почетокот на април годинава германските медиуми се занимаваа со проблемите во кои се најде Шалке, па уште тогаш се споменуваше можноста клубот на крајот да треба да најде излез од кризата со продажба на стадионот. Тие најави сега станаа тажна реалност на германскиот клуб.
Во април Шалке потврди дека проблемите се огромни, но тогаш извршниот директор Матијас Тилман категорично ја отфрли опцијата за продажба на стадионот. Шалке е во ситуација да се бори за опстанок во втората лига, а во моментов е 13. на табелата и работите изгледаат како облаците да не се расчистиле со месеци и нема да се расчистат наскоро.
Шалке е во минус од 168 милиони евра, управата на секој начин се обидува да дојде до пари, а сега ги повикува навивачите на помош.
Во соопштението за медиумите кое го објави клубот, беше најавено дека ќе започне продажбата на акциите на стадионот. Прво ќе се формира здружение кое ќе се занимава со продажба, а цената по акција треба, како што е најавено, да биде помала од 750 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА