Очаен старт на Обрадовиќ и Партизан во Евролигата: Убедлив пораз од дебитантот Дубаи (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан загубија од Дубаи со 89-76 на стартот од новата сезона во Евролигата. На своето деби во елитното натпреварување, Дубаи ги шокираше црно-белите и им нанесе убедлив пораз.

Партизан го започна натпреварот многу лошо и од самиот почеток почна да игра во брз ритам што му одговара на тимот од Дубаи. Гостите му дозволија на тимот од Дубаи да избега, Муса и Бертанс веднаш погодија две отворени тројки и поведоа со 8-2.

Шутерската вечер на Бертанс, проследена од Муса, донесоа двоцифрена предност од 24-12. Во втората четвртина Дубаи дојде и до огромни +14, кога со тројката на Муса стигна и до 41-27, само за Маринковиќ веднаш да одговори со тројка, а потоа и Бонга со поени за 41-32.

Црно-белите пропуштија две или дури три можности да се приближат, а за десет минути кошарка во вториот период направија само еден прекршок. Одбраната на Партизан беше многу лоша, им дозволија на домашните лесни поени и од рекетот и од далечина, за убедлива предност во третиот период по што веќе беше навестен победникот.

На крајот, избраниците на Жељко Обрадовиќ можеа да бидат задоволни од тој резултат со оглед на тоа каква игра играа во тој дел од натпреварот.

Хапоел Тел Авив, пак, исто така изненадувачки славеше убедлива победа над Барселона од 103-87.

Се вчитува...