Италија сака на „зелена маса“ да добие учество на Мундијалот во Катар оваа година, па така и натаму се надева дека ќе биде дел од најдобрите светски селекции. Ова е втора надеж за Италијанците, откако првата беше веќе згасена. Иран наводно требаше да биде суспендиран поради загрозување на женските права, но до тоа не дојде, за нешто што стигна демант и од ФИФА.
Сега надежта на Италија е Еквадор, односно дека оваа селекција ќе биде елиминирана откако во квалификациите настапувале со играч кој немал право да игра за селекцијата. Играчот Бајрон Кастилјо наводно имал лажни докумеит и бил Колумбиец. Ова довело до истрага во која се вклучила и ФИФА.
Претседателот на голф федерацијата на Италија, Франко Кименти рекол дека шансите Италија да игра во Катар се големи.
„Постои можност Италија да игра во Катар. Можноста е поголема отколку што мислат сите. Постои правило на ФИФА кое зборува за најдобрата селекција на ранкингот во моментов која не учествува, да се пласира. Ако директорите на фудбалската федерација работат напорно, тогаш може да дојде до пресврт“, рече Кименти.
И во случај Еквадор да биде дисквалификуван, тогаш тешко дека ФИФА ќе додели екстра место плус на селекција од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА