Младата репрезентација на Македонија ќе има повеќе од катастрофално лоши услови за игра на натпреварот против Фарските острови во вторник во квалификациите за ЕП 2021.
Избраниците на Благоја Милевски вечерва го одработија тренингот на стадионот каде и ќе се игра квалификацискиот натпревар, но под очајни услови. Теренот кој е со вештачка трева е буквално целосно замрзнат, па Милевски беше принуден тренингот да го реализира на само еден мал дел од „гумената подлога“ која е под тотален мраз.
Домаќините на македонскиот национален тим му понудиле три терени за тренинг кои единствено ги имаат во Торсволур, каде ќе се игра мечот. И, сите три со вештачка подлога, и сите три комплетно замрзнати.
Без разлика на се, младите репрезентативци ветуваат максимална борба во вторник и битка за третата победа во овие квалификации со која ќе се задржи втората позиција на табелата во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА