Очајничка порака на Де Хеа: Еден ден ќе го вратиме клубот на врвот во Англија и Европа!

Манчестер Јунајтед вчера доживеа тежок пораз на гостувањето на „Етихад“ кај Манчестер Сити. Со оглед на нестабилната форма во која се наоѓаат „ѓаволите“, овој резултат помалку и беше очекуван од поголемиот дел од нивните фанови.

Сепак, и покрај тоа што во моментов имаат некакви шанси за пласман во следната фаза од ЛШ, се уште се надеваат од таборот на Јунајтед дека еден ден ќе се вратат на врвот.

Неколку часа по дебаклот на Јунајтед кај Сити, се огласи голманот Давид Де Хеа.

„Еден ден, ќе го вратиме клубот таму каде што припаѓа, на врвот во Англија и Европа. Против Сити одигравме уште еден лош лош натпревар во оваа тешка сезона, но додека се уште го имаме овој дрес, треба да се бориме и да не се откажеме“, порача шпанскиот голман.

 

 

 

 

Се вчитува...