Очајниот Грилиш се даде на алкохол, снимен во Дубаи како не може да стои на нозе (ВИДЕО)

Очигледно, и тоа како лошо влијаеше на Џек Грилиш одлуката на англискиот селектор Герет Саутгејт да го исклучи од списокот за претстојното Европско првенство 2024.

Грилиш одлучи, по таа одлука на Саутгејт, да замине од Англија и да пронајде утеха во лудите забави во Дубаи. Па, веднаш беше снимен под алкохол како не можејќи да стои на нозе.

Сведоци во хотелот во Дубаи тврдат дека Грилиш делувал крајно неутешно поради што постојано бил под алкохол. Британските таблоиди објавија и видео како негови пријатели го придржуваат во моменти кога не знаел за себе…

Се вчитува...