Очајната сезона на Монако во Лига 1 продолжи и во 15. коло против Монпелје на домашен терен.
По триумфот на гостувањето против Каен од 0-1 во претходното коло, Монако никако да врзе две победи во шампионатот доживувајќи пораз (1-2) вечерва од Монпелје.
Монако имаше предност по погодокот на Тилеманс во 43. минута, но гостите дојдоа до целосен пресврт во второто полувреме. Најпрво израмнија со голот на Лаборд во 81. минута од средбата, а Скулетиќ во 86. минута ги постави конечните 1-2.
Со овој пораз Монако остана на претпоследната позиција на табелата со само 10 бода од 15 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА