Очајните навивачи на Манчестер Јунaјтед имаа шанса да се потсетат на славните времиња на клубот гледајќи го ревијалниот натпревар меѓу нивниот тим и Баерн Минхен кој беше обележување на дваесетгодишнината од триумфот на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите. Алекс Фергусон седеше на менаџерското место, а актуелниот предводник Оле Гунар Солскјер и Дејвид Бекам ги постигнаа головите против ветераните на Баерн. Ваквата слика ги мотивираше навивачите на социјалните мрежи да бараат замена. Дејвид Бекам и на 44 години да го замени очајниот сезонава Алексис Санчез.
„А може ли да го замениме Санчез со Бекам?!“
„Би ги менувал Санчез, Дармијан, Лингард и Лукаку само да го видам Бекам во нашиот дрес. И да се само на пет минути. Врати се“.
„Дејвид Бекам му покажа на Алексис Санчез колку специјален треба да бидеш за да го носиш дресот со број 7“.
„На 44 години, овој човек направи повеќе од тоа што нашата актуелна седумка има направено цела сезона. Штета е што немаме вакви седумки веќе“
Ова се само дел од објавите на социјалните мрежи по победата на Манчестер Јунајтед во ревијалниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА