Очајно деби на Гонзало Игуаин за тимот на Дејвид Бекам (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин промаши пенал во дебито за Интер Мајами кој загуби со високи 3-0 од Филаделфија. 32-годишниот фудбалер со заедничка согласнот го раскина договорот со Јувентус и направи трансфер во тимот чиј сопственик е Дејвид Бекам. Сепак, Аргентинецот имаше очаен почеток на американската одисеја.

Тој во текот на средбата влезе во пресметка со одбранбениот играч на Филаделфија, Џејкоб Глеснес кој очигледно се радуваше откако Игуаин не успеа да постигне гол.

„Задоволни сме од неговата работа. Покажа дека е во добра форма. Тоа со пеналот е ситуација во која може да се најде секој играч. Логично дека му се потребни повеќе натпревари“ – изјави по дуелот, тренерот на Интер Мајами, Диего Алонсо.

Интер Мајами е дури на 13-та позиција во Источната конференција од МЛС лигата со еднаков број бодови како и последнопласираниот ДЦ Јунајтед.

Се вчитува...