Очекувано – Џерард доби отказ во Астон Вила

Астон Вила му врачи отказ на Стивен Џерард откако резултатската криза во клубот се продлабочи со синоќешниот пораз од 3-0 од екипата на Фулам.

Џерард пристигна на „Вила парк“ во ноември 2021 година, напуштајќи го кормилото на Глазгов Ренџерс, тим со кој претходно ја освои титулата во Шкотска. Тој сепак не ги оправда очекувањата во Астон Вила, каде на 40 натпревари забележа само 13 победи и покрај неколкуте квалитетни засилувања што тој ги побара, а управата ги донесе во клубот.

„Му посакуваме на Стивен Џерард многу среќа во иднина, благодарни сме му за ангажманот и посветеноста, но принудени сме да направиме тренерска смена“, објави споуксменот на Астон Вила.

Маурицио Покетино е на врвот на листата со желби на тимот од Бирмингем, но Аргентинецот не е заинтересиран за преселба на „Вила Парк“. Меѓу останатите кандидати, тука се и Унаи Емери, Шон Дајш, Томас Франк…

Се вчитува...