По одличната партија против Ваљадолид, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски сосема очекувано повторно се најде во тимот на колото во Ла Лига.
Димитриевски беше клучниот во триумфот на Рајо Ваљекано од 0-1 на гостувањето против Ваљадолид, откако во 87. минута одбрани и удар од белата точка на домашните.
Па, очекувано се најде меѓу најдобрите 11 заедно и со Лионел Меси (Барселона), Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Хесус Навас (Севиља)…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

