Очекувано: Халанд играч на сезоната во Премиерлигата

Заедницата на професионални фудбалери во Премиерлигата, ги поделија наградите за најдобрите во минатата сезона. За најдобар играч очекувано е прогласен голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд кој во дебитантската сезона во Премиерлигата постигна 36 голови.

Тој го предводи идеалниот тим, а тука се уште четири негови соиграчи: Џон Стоунс, Рубен Дијас, Родри, а во средниот ред Кевин Де Брујне.

Најдобриот тим го содржат и Арон Рамсдејл од Арсенал, потоа неговиот соиграч Вилијан Салиба, Киеран Трипие од Њукасл, Мартин Одегард од Арсенал, Букајо Сака исто така од таборот на „топчиите“, и во нападот друштво на Халанд му прави Кејн од Тотенхем.

Се вчитува...