Очекувано: О’Нил е наследникот на Лопетеги

Вулверхемптон експресно го реши тренерското прашање по синоќешната разделба од Хулен Лопетеги, па денеска и официјално беше потпишан договор со Гери О’Нил, кој ќе ја води оваа екипа во новата премиерлигашка сезона што ќе стартува викендов.

О’Нил имаше зад себе одлична сезона во Борнмут, каде дојде по катастрофалните резултати на овој тим на стартот од шампионатот, но 40-годишниот стручњак сепак успеа да го спаси Борнмут. Изненадувачки делуваше одлуката на управата на клубот да се раздели од О’Нил летово, но овој стратег експресно си најде нов ангажман во Премиер-лигата, потпишувајќи тригодишен договор со „волците“.

„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Гери во клубот. Тој е млад тренер максимално мотивиран за напорна работа, со строги принципи што ги следат сите кои се дел од неговиот тим. Нашите играчи покажаа дека имаат квалитет за време на пред-сезоната, веруваме дека Гери со неговиот стручен штаб ќе помогне уште повеќе да напредуваме и да остваруваме добри резултати“, изјави спортскиот директор на Вулверхемптон, Мет Хобс.

Се вчитува...