Реал Мадрид осигура важен потпис откако „кралевите“ успеаја да го задржат во своите редови Гонзало Гарсија, анонимусот кој блесна на големата сцена со извонредни настапи и голови на клупскиот мундијал што летово се одржа во САД.
Гонзало постигна 25 гола за младинскиот тим на Реал што беше препорака да биде вклучен во тимот од тренерот Чаби Алонсо, особено во ситуација кога „кралевите“ беа со истенечен напад поради здравствените проблеми на Мбапе.
Гонзало Гарсија како единствена класична деветка доби шанса на клупскиот мундијал и максимално ја искористи, постигнувајќи четири погодоци со што беше најдобар стрелец на мундијалот.
Реал беше во потрага по нов искусен напаѓач кој би бил резерва за Мбапе, но одличните игри на Гонзало придонесоа планот да се промени, па младиот ас потпиша договор до 2030 година и дефинитивно е биде дел од плановите на Чаби Алонсо за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

