Фудбалската репрезентација на Русија нема да учествува во ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2024 година, објави руската фудбалска федерација. Ждрепката ќе биде одржана на 9. октомври во Франкфурт.
УЕФА ја суспендираше руската репрезентација и клубовите на „неодреден рок“ поради инвазијата врз Украина. Руската федерација веднаш поднесе жалба на таа одлука, но Судот за спортска арбитража ја одби жалбата.
Примерот на УЕФА ја следеше и ФИФА која забрани настапи на сите руски селекции.
Минатата недела домаќинот на ЕВРО 2024 година, побара од квалификациите да се исклучи и Белорусија, поради поддршката која таа држава ја пружа кон Русија. Сепак, засега нема одлука за исклучување на Белорусија, и таа веројатно ќе биде сместена во ждрепката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА