Тренерот на Наполи кој е во заминување Лучијано Спалети, е прогласен за најдобар тренер во Серија „А“ за сезоната 2022/23. Наградата е сосема очекувана, а ќе му биде врачена пред последниот натпревар против Сампдорија во италијанскиот шампионат.
Наполи првпат стана првак после 1990 година, носејќи го својот тим до третото „Скудето“ во историјата.
Спалети претходно потврди дека го напушта тимот по завршувањето на сезоната. Наводно на таков чекор се решил поради конфликт со претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Наполи во моментов работи на доведување на негова замена, а се претпоставува дека најсериозен кандидат е Винченцо Италијано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА