Од Ал Ахли со закани кон Наполи: Немој да ни стоите на патот, за да не ве казнуваме повторно

Откако Ал Ахли успеа во своите редови да го донесе одличниот играч за врска на Селта, Габри Веига, почна да испраќа сериозни „закани“ кон сопствениците на елитните европски клубови.

И покрај тоа што беше огромна желба на Реал Мадрид и Наполи, Габри Веига се одлучи да оди во Ал Ахли каде ќе добива 40 милиони евра по сезона. Овој трансфер им послужи на Арапите со цинички пораки да се обратат и до Наполи.

„Немој да не лутите. Тргнете ни се од патот за да не ве казнуваме повторно. Следната сезона ќе дојдеме кај вас и ќе го купиме Лоботка“ – изјави менаџерот на Ал Ахли до првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Саудијците преку ова испраќаат порака до Наполи и за „антисаудиската“ порака која Италијанците ја ставија во договорот на Виктор Осимен. Според таа клаузула ако Осимен оди во Саудиска Арабија тогаш Наполи ќе мора да добие 150 милиони евра, а Осимен и неговиот менаџер – 110 милиони евра.

Се вчитува...