Екипата на АП Брера во 2. коло од ПМФЛ му гостува на Силекс во Кратово.
Стратегот Бојан Круљ вели дека Силекс е квалитетна екипа против која ќе мора да се биде претпазлив. Но, од таборот на струмичани порачуваат дека ако сите пристапат согласно амбиции и цели за оваа сезона и како што беше против Вардар, тогаш можен е позитивен резултат.
„Силекс е квалитетна екипа и екипа која ја респектираме. Во првото коло не зедоа бодови но прикажаа квалитетна игра. Она што е важно е што моите момчиња јасно ги знаат нашите цели овааа сезона. Мора да одиграме максимално ако сакаме да извлечеме позитивен резултат. Победата над Вардар треба да ни претставува голем мотив за понатаму и да ни даде ветер во грбот. Го очекувам истиот пристап на секој натпревар, само така може да се надеваме на поволен резултат“ – вели Круљ.
Според Марјан Ристовски, ако се успее да се затворат крилните играчи во Кратово, ќе биде многу полесно во дуелот со Силекс.
„Ние како екипа сме компактни. Среќни сме што против Вардар славевме и се надевам дека во сличен стил ќе продолжиме и на мечот против Силекс. Ќе атакуваме на трите бода, иако знаеме дека Силекс е многу опасен, особено по крилните позиции“ – рече Ристовски.
ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА