Од Астон Вила во Бенфика на позајмица вредна три милиони евра

Бенфика конечно успеа да доведе врвно засилување во своите редови, комплетирајќи го ангажманот на Енцо Баренечеа од редовите на Астон Вила.

Аргентинскиот играч за врска беше член на Јувентус, од каде се пресели во Астон Вила како дел од размената за Даглас Луиз. Тој веднаш беше испратен на позајмица во Валенсија, а по враќањето назад на „Вила Парк“ повторно му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на Унаи Емери.

Од неколкуте клубови кои покажаа интерес најзагреани беа челниците на Бенфика, кои на крајот постигнаа договор – португалскиот гигант ќе плати три милиони евра за едногодишна позајмица, воедно и ќе има можност следното лето целосно да го откупи Аргентинецот за дополнителни 12 милиони евра.

Баринечеа доаѓа во Бенфика на местото на Кокчу, откако турскиот репрезентативец беше продаден на Бешикташ за сума од 25 милиони евра.

Се вчитува...