Од Атлетико со одговор до Барселона: Офсајд е офсајд, без разлика колкав е

Спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, даде јасен одговор на својот поранешен клуб Барселона.

Откако Атлетико ја победи Барса со 4-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот, Ханси Флик ги нападна судиите, а клубот подоцна издаде официјално соопштение во кое посочи низа нелогичности и различни правила во текот на сезоната.

Судењето стана главна тема не само во Шпанија, туку и низ цела Европа, а Алемани смета дека нема потреба од кревање врева кога е во прашање натпреварот помеѓу Атлетико и Барселона.

„Морам да признаам дека е многу чудно што луѓето почнаа да зборуваат за судењето веднаш по натпреварот против Барселона. Тоа треба да биде најмалку релевантно. Има само еден сомнителен детал во тој натпревар, а тоа е голот поништен поради офсајд, и тоа поради 4:1. Офсајдите денес се проверуваат со технологија. А недозволените позиции се факт, а не слободна судиска интерпретација. Ако е офсајд, тогаш не е важно дали е мал или голем – офсајдот е офсајд.“, рече Алемани.

Се вчитува...